Списанието на Американската медицинска асоцијација (Journal of the American Medical Association) го смета алкохолизмот како «примарна, хронична болест, што ја карактеризира губење контрола над конзумирањето алкохол, страст кон алкохолoт без оглед на негативните последици и искривеност на мислењето». Алкохолизмот е болест којашто се развива полека, постепено, постојано прогресира и долго време и пациентот и неговата околина не ја забележуваат.
Симптоми на алкохолизам
1. Губењето контрола над количеството конзумиран алкохол е еден од најраните и најважните симптоми. Лицето губи «рамнодушност» кон алкохолот. Чувствува лесна опиеност и во неговиот мозок се јавува потреба постојано да ја зголемува. Затоа наоѓа повод секој пријатен настан да го «интензивира» со алкохол, а напријатностите, проблемите и досадата исто така ја стимулираат желбата да пие. Троши сè повеќе време на веселби во друштво на љубители на пијачки. Настануваат тешки форми на опивање, кога човек пие толку што повеќе не е способен во пијана состојба да се контролира. Во оваа фаза доаѓа до несреќи поради возење во пијана состојба, кај лицето може да се појави агресивност, тоа станува иницијатор на тепачки, се појавуваат дупки во паметењето. Опасноста во пијана состојба да се повреди себе или да ги повреди блиските, веќе во таа рана фаза ги поттикнува некои луѓе да престанат да пијат. «Не можеш - не пиј» - вели народната мудрост.
2. Појава на психичка потреба од алкохол, појава на желба за алкохол. Пациентите во алкохолот наоѓаат заштита од своите проблеми, стравови, грижи. Под дејство на алкохолот расположението краткотрајно се подобрува, сигурноста во себе се зголемува, нервната напнатост се намалува. На лицето му е пријатно,, топло, тоа е мирно. Меѓутоа, дејството на алкохолот прилично брзо почнува да се менува. Фазата на позитивни емоции се скратува и губи интензитет. Лицето сака да «додаде» уште за да ги врати позитивните чувства што порано му ги создаваше алкохолот. Но, место тоа, сè почесто се јавува раздразливост, нетрпеливост кон околината, незадоволство. При отрезнувањето често е тажно или зајадливо, има чувство на вина, депресија, што пак го тера да користи алкохол. Почнува да му се нарушува спиењето, апетитот. Во отсуство на алкохол се појавува психичка непријатност, нервоза и сè почести мисли и желба за алкохол. По некое време тоа може да се чувствува нормално само под дејство на алкохол, а состојбата кога не конзумира алкохол му станува неподнослива.
3. Зголемување на толеранцијата, отпорноста спрема алкохол. Кога лицето пие почесто и повеќе, организмот се обидува да се приспособи и ги вклучува заштитните ферментни системи. Многумина се гордеат со тоа дека, божем, можат да испијат еден литар виски и да не се опијат, а други, по тоа, не можат да станат.. Всушност, тоа не е знак на здравје, туку показател на развојот на болеста. Растечката толеранција на алкохол измачува, го исцрпува организмот и разорното дејство на големи дози алкохол доведува до појава на болести кои настануваат поради конзумирање алкохол и апстиненцијален синдром.
4. Појава на физичка зависност Употребата на сè поголеми количества алкохол доведува до тоа лицето секое утро да има симптоми на мамурлак - нервоза, мака, окапаност, чувство на внатрешно треперење, биење на срцето. Кај случајно избрани нормални лица овие симптоми се слабо изразени и обично поминуваат во текот на денот. Кај алкохоличарот тие можат да потраат 2-3 дена и да бидат придружувани од силна желба да конзумира алкохол за да си ја олесни состојбата. Тој почнува да пие секое утро, во текот на денот или навечер, за да може да заспие. Почнува редовно да конзумира алкохол, што трае и по неколку дена. Епизодите на пијанство стануваат сè подолги, а интервалите меѓу нив сè пократки. Во оваа фаза, ако алкохоличарот си дозволи да испие една чаша пиво, значи дека ќе пие неколку дена. Му станува невозможно да се контролира. Потребата од алкохол станува како глад или жед. Во народот се вели: «Сака да пие, па пие, и не сака да пие, па пак пие». По неколку недели конзумирање алкохол, мамурлакот или кризата може да биде опасна за животот и здравјето на пациентот. Ако не се лекува, апстиненцијалната криза може да прерасне во делириум тременс или да се комплицира со епилептичен напад.
Болести што настануваат поради конзумирање алкохол
1. Нервниот систем
2. Кардиоваскуларниот систем
3. Црниот џигер
4. Системот за варење
5. Другите органи и системи
6. Жените-алкохоличарки
Лекување
Најдобрите методи за лекување на алкохолизмот варираат, зависно од индивидуалните медицински и лични потреби. Некои тешки алкохоличари кои го препозанаваат нивниот проблем се лекуваат сами од себе. Некои алкохоличари бараат долгорочна индивидуална или групна терапија, која може да вклучи и хоспитализација. А сепак, некои воопшто не бараат третман. Овие луѓе на бараат третман како резултат на комбинацијата од фактори, вклучувајќи го игнорирањето на симптомите на болеста, социјалниот страв од фактот дека ќе биде етикетиран од заедницата како алкохоличар и неволјата да прифати доживотна апстиненција од алкохол како една од целите на лекувањето.
За некои алкохоличари, лекувањето почнува со детоксификација, која безбедно го ослободува пациентот од алкохолот во организмот, а во исто време ги лекува физичките компликации кои создаваат силни симптоми, како делириум тременс или алкохолно лудило. Детоксификацијата обично трае помалку од една недела, а за тоа време пациентите се сместени во специјална установа или посебен оддел од општата или психијатриската болница. Овие установи истотака нудат и продолжен третман за да се помогне на алкохоличарите во нивното закрепнување.
Повеќето програми за лекување ефективно помагаат зависниците да престанат да пијат за некој период, но тие се помалку успешни во превенцијата на повторно враќање на пиењето. Програмите за третман обично содржат дел кој се фокусира да им помогне на алкохоличарите да ја разберат ситуацијата, чуствата и личните интеракции кои го предизвикуваат повторното пиење. Овие програми ги учат луѓето како да се снајдат со овие фактори без повторно да се вратат на пиењето.